Соопштенија

Четврток, 3 декември 2015 година

Доделување на државната награда „ Св. Климент Охридски“

На 8 декември 2015 година (вторник), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 12.00 часот, Одборот за доделување на државната награда „ Св. Климент Охридски “ ќе ја додели државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2015 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштита и унапредување на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.

Државната награда „Св. Климент Охридски“, за остварување во областа на воспитанието и образованието, се доделува на: проф. д-р Горан Ајдински-дефектолог и проф. д-р Ратомир Грозданоски-теолог, библист и филолог; наградата за остварување во областа на културата и уметноста, се доделува на Раде Силјан, поет литературен критичар и есеист и за остварување во областа на здравството наградата се доделува на доц. д-р сци. Аспазија Софијанова-педијатар.

Click