Соопштенија

Четврток, 30 април 2015 година

Доделување на наградата „Гоце Делчев“

На 4 мај 2015 година (понеделник), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 12.00 часот, Одборот за доделување на наградата „Гоце Делчев“ ќе ја додели наградата „Гоце Делчев“ за 2015 година за особено значајни остварувања од интерес за Република Македонија во областа на науката.

За особено значајни остварувања од интерес за Републиката во областа на науката, наградата „Гоце Делчев“ за 2015 година се доделува на трудовите:„Толковен речник на македонскиот јазик“ од авторскиот тим: д-р Елизабета Бандиловска-Ралповска, д-р Олгица Додевска-Михајловска, д-р Снежана Велковска, д-р Снежана Веновска-Антевска, д-р Елка Јачева-Улчар, д-р Виолета Николовска, д-р Фани Стефановска-Ристеска, м-р Катица Топлиска-Евроска и д-р Живко Цветановски; „Резултати за композија и неутрикс композиција“ од проф. д-р Билјана Јолевска-Тунеска и „Говорот на Албанците од Скопска Црна Гора“ од проф. д-р Аслан Хамити.

Click