Соопштенија

Вторник, 19 август 2014 година

Доделување на државната награда „Мајка Тереза“

На 26 август 2014 година (вторник), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 14.00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ ќе ја додели наградата „Мајка Тереза“ за 2014 година за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.

Државната награда „Мајка Тереза“, за особено значајни остварувања во областа на хуманоста и човечката солидарност, се доделува на Поликсена Илиоска. 

Click