Соопштенија

Петок, 3 октомври 2014 година

Ѓорчев на Есенските состаноци на ПС на ОБСЕ во Женева

Од 3 до 5 октомври 2014 година во Женева, Швајцарија ќе се одржат Есенските состаноци на Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) на кои ќе учествува  пратеникот г. Владимир Ѓорчев, член на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното Собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

Централна тема на овие состаноци на ПС на ОБСЕ ќе биде „Новите безбедносни предизвици: улогата на парламентите” во рамките на којашто ќе  биде дискутирано за Политичката и воената димензија, Економската и димензијата на животната средина и Хуманата димензија. Во рамките на овие состаноци, седници ќе одржуваат и Медитеранскиот форум на Парламентарното собрание на ОБСЕ и Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на ОБСЕ.

На учесниците на овие состаноци со поздравни говори ќе им се обрати г. Илка Канерва, претседател на ПС на ОБСЕ, г. Ханес Гермaн, претседател на Државниот совет на Швајцарија, г. Дидије Буркхалтер, претседавач со ОБСЕ и министер за надворешни работи на Швајцарија. 

Click