Соопштенија

Понеделник, 23 јуни 2014 година

Летна сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа

Од 23 до 27 јуни 2014 година, во Стразбур, се одржува летната сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа на која учествуваат шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија г. Александар Николоски и заменик на членот на Делегацијата г. Имер Алиу.

На оваа сесија ќе се разгледува извештајот на ад-хок комисијата на ПС на СЕ за набљудување на претседателските и предвремените парламентарни избори во Република Македонија. 

Другите теми на сесијата се извештајот за насилството во медиумите, предизвиците на Банката за развој на Советот на Европа, како и парламентарниот придонес за решавање на конфликтот во Западна Сахара.  Свое обраќање се очекува да имаат претседателот на Азербеџан, г. Илхам Мамадов, министерот за надворешни работи на Азербеџан, г. Елмар Мамадијаров во својство на претстедавач со Комитетот на министрите на Советот на Европа, а пред пратениците на Парламентарното собрание ќе се обрати и новоизбраниот претседател на Украина, г. Петро Порошенко. 

На летната сесија ќе се избира и генерален секретар на Советот на Европа, а кандидати се актуелниот генерален секретар, Норвежанецот г. Торнбјорн Јагланд и г-ѓа Сабина Лојтхојсер Шнаренбергер, поранешен министер за правда на Германија. 

Click