Соопштенија

Понеделник, 10 октомври 2016 година

Положување свежо цвеќе по повод државниот празник 11 Октомври 

По повод државниот празник 11 Октомври - Денот на народното востание, делегации на Собранието на Република Македонија, на 11.10.2016 година (вторник), ќе положат свежо цвеќе во Скопје, Прилеп и Куманово.

- Собраниска делегација во состав: г-ѓа Даниела Рангелова, г. Чедомир Саздовски  и г-ѓа Лидија Димова ќе положи свежо цвеќе во Скопје: 

» 10.00 часот, гробишта Бутел: 

Партизанските гробишта;

Гробот на претседателот Борис Трајковски;

Гробот на генерал Михајло Апостолски;• Гробот на претседателот Киро Глигоров.

» 11.00 часот, Плоштад „Македонија“, на споменикот на Методија Андонов-Ченто;

» 11.30 часот, Парк „Жена борец“, на Споменикот на паднатите херои за Македонија.

- Собраниска делегација, во состав: г-ѓа Ане Лашкоска, г. Димитар Стевананџија и г. Горан Сугарески, во 9.30 часот, во Прилеп, ќе положи свежо цвеќе на:

Могилата на непобедените и Алејата на народни херои;

Споменикот на Методија Андонов-Ченто;

Споменикот на Кузман Јосифовски-Питу.

- Собраниска делегација, во состав: г-ѓа Слаѓана Митовска, г. Зоран Ѓорѓиевски и г. Љубиша Николиќ, во 10.00 часот, ќе положи свежо цвеќе на Спомен-костурницата во Куманово.

 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.