Соопштенија

Среда, 5 ноември 2014 година

Потпретседателот Милошоски на конференција во Рим

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија и претседател на Комисијата за надворешна политика, г. Антонијо Милошоски, од 5 до 7 ноември ќе учествува на Интерпарламентарната конференција за заедничка надворешна и безбедносна политика и заедничка безбедносна и одбранбена политика, која во рамките на италијанското претседателство со Европската унија, ќе се одржи во Рим, Италија.

На Конференцијата свое обраќање ќе имаат претседателот на италијанскиот Сенат, г. Пиетро Грасо, претседателката на Претставничкиот дом, г-ѓа Лаура Болдрини, високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, како и претседателот на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, г. Елмар Брок.

На оваа Конференција ќе стане збор за предизвиците на заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската унија за време на претседавањето на Италија со Советот на Европската унија, а во тој контекст и за перспективите на борбените групи на Европската унија, како и за регионалната стабилност и проширувањето на Европската унија со земјите од Западен Балкан.

Click