Соопштенија

Понеделник, 7 декември 2015 година

Собраниска делегација на Интерпарламентарен семинар во Брисел

Во рамките на Програмата за поддршка на парламентите од земјите на Западен Балкан и Турција, во организација на Европскиот парламент, Генерален директорат за надворешна политика, во соработка со Комитетот за земјоделство, на 9 декември 2015 година во Брисел, Кралството Белгија, ќе се одржи Интерпарламентарен семинар на тема „Реформи од 2013 година на Заедничката земјоделска политика (ЗЗП/CAP): импликации за земјите од проширувањето“.

На Семинарот ќе учествува делегација од Собранието на Република Македонија од Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, во состав г. Сашо Поцков заменик-претседател, членовите: г. Никола Мицевски и г. Реџаиљ Исмаили, и г. Газменд Алији заменик-член.

Интерпарламентарниот семинар се очекува да биде отворен од г. Чеслав Сиекиерски, пратеник во Европскиот парламент и претседател на Комисијата за земјоделство.

На претстојниот Интерпарламентарен семинар е најавено учество на европратеници и членови на Комитетот за земјоделство: г. Фил Хоган, комесар за земјоделство и рурален развој; г. Јост Корте заменик-генерален директор (DG AGRI) Европска комисија; г-ѓа Мајрид Мекгинис заменик-претседател на Европскиот парламент и член на Комисијата за земјоделство, пратеници од Европскиот парламент и членови на Комисијата за земјоделство: г-ѓа Клара Евгенија Агилера Гарсија, потпретседател на Комисијата за земјоделство; г. Мишел Дантин; г. Никола Цапуто и учество на претставници од парламентите на земјите на Западен Балкан и Турција, со цел да се споделат регионалните искуства и видувањата за идните предизвици во овој домен. 

Click