Соопштенија

Вторник, 18 февруари 2014 година
 
Собраниска делегација на семинар во Брисел

Во организација на Директоратот за надворешни политики, односно Одделението за претпристапни активности, на 19 и 20 февруари 2014 г. во Европскиот парламент во Брисел, Кралството Белгија, се одржува Парламентарен семинар на тема: „Здравјето и заштитата на потрошувачите". Од Собранието на Република Македонија на овој семинар ќе учествуваат пратениците: г. Миле Пачемски и г-ѓа Станка Анастасова, членови на Комисијата за здравство и г. Беким Ќоку, заменик-член на Комисијата за здравство.

На семинарот, кој ќе се одвива во две работни сесии, учество ќе земат еминентни европарламентарци кои работат во комисиите на Европскиот парламент за здравство и за внатрешен пазар и заштита на потрошувачите, како и експерти од областа - претставници на европски организации за заштита на потрошувачите, како и претставници од парламентите на земјите од Западен Балкан и Република Турција. Семинарот има за цел да поттикне поширока дебата меѓу европарламентарците и парламентарците од националните парламенти за овие прашања.

Се очекува висок степен на учество на парламентарци од поканетите национални парламенти, како и обраќања од реномирани европарламентарци, експерти и други афирмирани учесници кои имаат особен придонес во оваа област.
Click