Соопштенија

Четврток, 13 февруари 2014 година
 
Собраниска делегација на Зимска сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ
 
Од 13 до 14 февруари 2014 година во Виена, Австрија ќе се одржи Зимската сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ, на кое ќе учествуваат пратениците: г-ѓа Ана Павловска-Данева, шеф на Делегацијата и г. Владимир Ѓорчев, член на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

Во агендата на ова заседание на трите генерални комитети на ПС на ОБСЕ ќе се разгледуваат актуелните настани во ОБСЕ, следено со прашања и одговори и ќе биде дискутирано за Парламентарната контрола на вооружените и безбедносните сили: обезбедување на транспарентност на национално и меѓународно ниво, Соработката во управување со води во просторот на ОБСЕ, Владеење на правото во просторот на ОБСЕ и за претстојната годишна сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ што ќе се одржи од 28 јуни до 2 јули 2014 година во Баку. Специјалната дебата на оваа сесија ќе биде Подемот на екстремизмот, радикализмот и ксенофобијата: предизвици за регионот на ОБСЕ.

На учесниците на оваа сесија со поздравни говори ќе им се обрати г. Ранко Кривокапиќ, претседател на ПС на ОБСЕ, г-ѓа Барбара Прамер, претседател на австрискиот парламент, амбасадорот Ламберто Заниери, генерален секретар на ОБСЕ.
Click