Соопштенија

Вторник, 30 септември 2014 година

Учество на есенската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа

Од 29 септември до 3 октомври во Стразбур, Република Франција, се одржува редовната есенска сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која учествува шефот на Делегација на Собранието на Република Македонија, пратеникот Александар Николоски.

На сесијата ќе се расправа за Извештајот за претседателските избори во Турција, борбата против манифестациите на неонацизам, правата на жените во евро-медитеранската соработка, доброто владеење и зголемениот квалитет на образованието, подигање на статусот на стручното образование и обука, активностите на Организацијата за економска соработка и развој, функционирањето и демократските институции во Грузија, прогресот на постапката за мониторинг на Парламентарното собрание, активностите на Европската банка за реконструкција и развој, одбележување на обврските од членството на Албанија и алтернативите за притворањето на децата при емиграција. 

Од особено значење е точката за реформа на мониторинг постапката, по чиешто усвојување ќе се воведе мониторинг над сите земји-членки на Советот на Европа. Оваа реформа е дел од залагањата на Александар Николоски, како потпретседател на Комитетот за мониторинг и како член на ад-хок Комисијата за реформа на мониторинг процесот.

Како итни прашања, на дневниот ред се и кризата во Украина и заканите од Исламската Држава.

Свое обраќање на сесијата ќе има министерот за надворешни работи на Азербеџан, г. Елмар Мамадјаров. 

Click