Соопштенија

Среда, 16 јули 2014 година

Учество на пратеничката Ермира Мехмети на Конференција на претседателите на комисиите за европски прашања

Во рамките на италијанското претседателство со Европската унија претседателот на Комисијата за европски прашања, г-ѓа Ермира Мехмети, ќе учествува на Конференцијата на претседателите на комисиите за европски прашања на земјите-членки на ЕУ- КОСАК, што ќе се одржи на 17-18 јули 2014 година во Рим, Италија.

На конференцијата ќе стане збор за претстојните приоритети на италијанското претседавање со ЕУ, за што свое обраќање ќе има државниот потсекретар на Претседателството на Советот на министри, задолжен за европски прашања, г. Сандро Гози, како и потпретседателот на Европската комисија, г. Марош Шевчовиќ.

Истовремено, во рамките на КОСАК конференцијата, Мехмети ќе учествува и на состанокот на претседателите на комисиите за европски прашања на земјите од ЈИЕ, кој е посветен на размената на мислења за прашањата поврзани со медитеранската димензија на европските политики.

Инаку, ова е прва покана за наше учество на оваа конференција, која е воспоставена како практика за време на грчкото претседавање со Унијата.

Click