Соопштенија

Понеделник, 9 ноември 2015 година

Учество на седниците на Комитетот за политички прашања и Комитетот за економски прашања во Трст

Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива, г-ѓа Јулијана Силјановска и заменикот на членот на Делегацијата г-ѓа Лилјана Затуроска ќе учествуваат на седниците на Комитетот за политички прашања и Комитетот за економски прашања на 9 ноември 2015 година во Трст, Италија.

Според дневниот ред, тема на Комитетот за политички прашања ќе биде Управувањето со кризи - стратегиите на Централноевропската иницијатива и перспективите за европска интеграција, а Комитетот за економски прашања ќе расправа за транспортот и инфраструктурата во регионот. 

Централноевропската иницијатива (ЦЕИ) е регионална организација во која членуваат 18 држави од Централна Европа, од кои 10 се членки на Европската унија, а осум со различен статус кон ЕУ. Организацијата е посветена на поддршка на земјите-членки на ЦЕИ на нивниот пат кон европската интеграција, нивното усогласување со стандардите на ЕУ, како и спроведување на мали и средни проекти. Централновропската иницијатива промовира меѓувладина, меѓупарламентарна и бизнис соработка.

Парламентарната димензија на ЦЕИ ја сочинуваат Парламентарното собрание, Парламентарниот комитет, Постојаниот комитет и Комитетот за политички и внатрешни прашања, Комитет за економски прашања и Комитетот за култура. 

Во текот на 2015 година, по принципот на ротација меѓу земјите-членки, на Република Македонија ѝ припаѓа честа да претседава со Централноевропската иницијатива и да ги координари сите активности на организацијата. Следен претседавач ќе биде Босна и Херцеговина. Во текот на претседавањето главен фокус е ставен на промоција на предностите на регионот на Западниот Балкан, како и додадената вредност на интеграцијата на сите земји од Западен Балкан во Европската унија.

Click