Соопштенија

Петок, 11 декември 2015 година

Учество на собраниска делегација на состанок на Енергетската заедница

Во организација на Енергетската заедница, на 14 декември 2015 година во Виена, ќе се одржи состанок кој ќе биде посветен на формирањeтo на Парламентарен пленум на Енергетската заедница. 

На состанокот ќе учествува Делегација на Собранието на Република Македонија, во состав: г-ѓа Нора Алити, заменик на претседателот на Комисијата за европски прашања и г-ѓа Солза Грчева, член на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија. 

Исто така, на овој настан ќе учествуваат делегации од националните парламенти на договорните страни на Енергетската заедница и членови на Европскиот парламент.

Во рамките на програмата на состанокот, предвидено е да се разгледува Предлог-деловникот за работа, врз основа на кој во иднина ќе функционира овој нов Парламентарен форум.

Click