
Петок, 14 октомври 2016 година
Јавна расправа на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите
Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија, на 12 октомври 2016 година, одржа јавна расправа на тема: Годишен извештај за имплементација на Стратегијата за родова еднаквост за 2015 година.
Јавната расправа со пригодно обраќање ја отвори заменик-претседателката на Комисијата, г-ѓа Лилјана Кузмановска.
На темата свои излагања имаа: Елена Грозданова, државна советничка за еднакви можности при Министерството за труд и социјална политика; Доминика Стојановска, раководителка на канцеларијата на Un Women во Скопје; Нермина Факовиќ, координаторка за еднакви можности на Министерството за здравство; Сузана Арсова-Костадинова, заменик-раководителка на Секторот за поддршка и развој на претприемништвото во Министерството за економија и Надежда Узелац, претставничка на Министерството за образование и наука.
На расправата дискутираа претставници на невладините организации: Х.Е.Р.А. – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, Реактор – Истражување во акција и Здружението Женски форум од Тетово.
По дискусијата беа донесени следните заклучоци:
Комисијата за еднакви можности на жените и мажите го прифаќа Годишниот извештај за имлементација на Стратегијата за родова еднаквост за 2015 година и
- Комисијата за еднакви можности на жените и мажите предлага изготвување на Националниот план за родова еднаквост 2017 - 2020 година.