Активности

Среда, 12 октомври 2016 година

Николоски во својство на потпретседател претседаваше со најстарата парламентарна асамблеја на европскиот континент

Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија г. Александар Николоски во текот на есенската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа која се одржува од 10 до14 октомври во Стразбур, Франција во својство на потпретседател претседаваше со оваа најстара парламентарна асамблеја на европскиот континент. 

Дебатата беше посветена на спортот како мост кон еднаквост, интеграција и социјална вклученост.

На оваа тематска дебата обраќање имаше претседателот на меѓународниот олимписки комитет, г. Томас Бах, а пратениците повикаа на поинтегриран и динамичен пристап до спортот особено преку создавање на ефикасни механизми за идентификување на каква било форма на дискриминација во спортот.

Исто така, земјите членки на Советот на Европа беа повикани да го надминат јазот меѓу родовите и диспаритетот во наградите, да ги признаат достигнувањата на жените атлетичарки и значително да ја зголемат видливоста на жените во спортот преку посветување повеќе време на јавните сервиси на жените спортистки и преку промовирање на не-дискриминација во спортот.   

 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.