СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИК...

Недела, 12 мај 2019 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА, Г. ИЛИР МЕТА

На денот на свечената  инаугурација на новиот претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, меѓу присутните странски државници на инаугурацијата беше и Претседателот на Република Албанија Илир Мета. По завршувањето на седницата, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери оствари билатерална средба со претседателот  на Република Албанија, г. Илир Мета.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со Делегацијата на Постојана...

Среда, 8 мај 2019 година

Средба на претседателот Џафери со Делегацијата на Постојаната комисија за европски прашања на Претставничкиот дом на Кралството Холандија                                 

На денешната средба на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери со делегацијата на Постојаната комисија за европски прашања на Претставничкиот дом на Кралството Холандија, предводена од претседателот на комисијата Хајке Велдман, се разменија информации и мислења во врска со нашата европска агенда и реформите кои следат на патот кон утврдување на датумот за преговори со ЕУ.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на промоцијата на поштенск...

Понеделник, 6 мај 2019 година

Обраќање на претседателот Џафери на промоцијата на поштенската марка „Прва посета на Папа во Република Северна Македонија“ 

Како што ви е познато, утре кај нас доаѓа во посета Папата, поглаварот на Римо-католичката црква во рамките на неговата Балканска турнеја и оваа промоција е навистина одличен начин за да се забележи овој историски настан. 
Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со г. Андреј Данко...

Вторник, 9 април 2019 година

Средба на претседателот Џафери со г. Андреј Данко, спикер на Националниот совет на Словачката Република

Во рамките на Конференцијата на претседатели на Парламенти на земјите членки на ЕУ и на земјите кандидати за членство, која се одржува во Виена,  Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија г. Талат Џафери оствари билатерална средба и со г. Андреј Данко, Спикерот на Националниот Совет на Словачката Република.

Прочитај повеќе

Билатерална средба на претседателот Џафери со г-ѓа Бонард ...

Вторник, 9 април 2019 година

Билатерална средба на претседателот Џафери со потпретседателот на Националното собрание на Франција, г-ѓа Биро Бонард и претседателот на Комисијата за европски прашања во Сенатот на Франција, г. Бизе, во рамките на Конференцијата на претседатели на парламенти од Европската Унија

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери во Виена, Австрија на 8 и 9 април 2019 година учествува на Конференцијата на претседатели на парламенти од Европската унија, на која покрај Претседатели на парламенти на земјите членки на ЕУ, поканети се и претседатели на Парламенти на земјите кандидати за членство во ЕУ и земји кои учествуваат како набљудувачи. Со Конференцијата претседава г. Волфганг Соботка, Претседател на Австрискиот Национален Совет, и г. Инго Апе, Претседател на Австрискиот Федерален Совет.

Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО АНЏЕЛО ФАРУЏА И ИРАКЛИ КО...

Понеделник, 8 април 2019 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО АНЏЕЛО ФАРУЏА, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПРЕТСТАВНИЧКИОТ ДОМ НА РЕПУБЛИКА МАЛТА И ИРАКЛИ КОБАХИЅЕ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПАРЛАМЕНТОТ НА ГРУЗИЈА

На маргините на 140. Собрание на ИПУ, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери оствари билатерални средби со Анџело Фаруџа, претседател на Претставничкиот дом на Република Малта и Иракли Кобахиѕе, претседател на Парламентот на Грузија.

Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ЗИГФРИД БРАКЕ И И НУРЛАН ...

Недела, 7 април 2019 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ЗИГФРИД БРАКЕ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПРЕТСТАВНИЧКИОТ ДОМ НА ФЕДЕРАЛНИОТ ПАРЛАМЕНТ НА БЕЛГИЈА И НУРЛАН НИГМАТУЛИН, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МАЖИЛИСОТ НА ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА КАЗАХСТАН

Во рамките на 140. Собрание на ИПУ, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија оствари билатерални средби со Зигфрид Браке, претседател на Претставничкиот дом на Федералниот парламент на Белгија и Нурлан Нигмтатулин, претседател на Мажилисот на Парламентот на Република Казахстан.

Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ВИСОКИОТ КОМЕСАР ЗА НАЦИ...

Четврток, 4 април 2019 година

СРЕДБА НА  ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ВИСОКИОТ КОМЕСАР ЗА НАЦИОНАЛНИ МАЛЦИНСТВА НА ОБСЕ, Г. ЛАМБЕРТО ЗАНИЕРИ

Денеска, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, се сретна со г. Ламберто Заниер, висок комесар за малцински прашања на ОБСЕ, избран на таа позиција на 19 јули 2017 година.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Талат Џафери со Хулуси Акар...

Среда, 3 април 2019 година

Средба на претседателот Талат Џафери со Хулуси Акар, министер за национална одбрана на Република Турција

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со Хулуси Акар, министер за национална одбрана на Република Турција, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата присустваа и Хари Локвенец, претседател на Комисијата за одбрана и безбедност и Илија Николовски, заменик на претседателот на Комисијата.

Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ПРЕМИЕРОТ НА РЕПУБЛИКА ГР...

Вторник, 2 април 2019 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ПРЕМИЕРОТ НА РЕПУБЛИКА ГРЦИЈА АЛЕКСИС ЦИПРАС

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари средба со премиерот на Република Грција, г. Алексис Ципрас, кој е прв грчки премиер што престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. 

Прочитај повеќе
1...111213...40                                         
Click