Средба на г. Талат Џафери, претседател на Собранието на Реп...

Недела, 9 септември 2018 година

Средба на г. Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Македонија со г. Рон Џонсон, сенатор од САД

Високиот гостин истакна дека е дојден во Република Македонија да ја пренесе и да ја потврди поддршката што Соединетите Американски Држави ја даваат на нашата држава за надминување на последната пречка кон полноправното членство во НАТО, подвлекувајќи дека членството во НАТО ја гарантира безбедноста на Република Македонија, а со тоа се поттикнува растот на економијата, што всушност е и примарната цел. 

Прочитај повеќе

Работен ручек приреден во чест на германската канцеларка, г...

Сабота, 8 септември 2018 година

Работен ручек приреден во чест на германската канцеларка, г-ѓа Ангела Меркел 

На денешниот работен ручек што во чест на германската канцеларка, г-ѓа Ангела Меркел, го организираше претседателот на Владата на Република Македонија, г. Зоран Заев, учествуваше и претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери. 

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со сенаторот во францускиот ...

Петок, 7 септември 2018 година

Средба на претседателот Џафери со сенаторот во францускиот Сенат, Оливје Кадик

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со Оливје Кадик, француски сенатор и претставник на француските државјани кои живеат во странство.

На почетокот од средбата, претседателот Џафери му посака добредојде на гостинот и  искажа задоволство што член на францускиот Сенат е во посета на Собранието на Република Македонија. 

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со генералниот секретар на Н...

Четврток, 6 септември 2018 година

Средба на претседателот Џафери со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг

Во рамките на официјалната посета на Република Македонија, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, оствари средба со претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери. 

На средбата присуствуваа координаторите на Пратеничките групи во Собранието,  Соња Мираковска, Драган Данев, Ејуп Алими и Африм Гаши, како и претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност, Хари Локвенец.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со Јан Петерсен...

Понеделник, 3 септември 2018 година

Средба на претседателот Џафери со Јан Петерсен, шеф на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за референдумот 

Претседателот Џафери изрази задоволство што ОБСЕ/ОДИХР одлучи да испрати Мисија за набљудување на референдумот на 30 септември 2018 година и оцени дека следењето на спроведувањето на референдумот од страна на оваа организација е од исклучителна важност за поттикнување на довербата во референдумскиот процес. 

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со Делегација на Конгресот н...

Понеделник, 27 август 2018 година

Средба на претседателот Џафери со Делегација на Конгресот на САД

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Талат Џафери, денеска оствари средба со Делегација од Конгресот на САД, која престојува во официјална посета на Република Македонија. 

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со германскиот европратеник ...

Четврток, 23 август 2018 година

Средба на претседателот Џафери со германскиот европратеник Рајнхард Бутикофер

Претседателот Џафери изрази задоволство од средбата, која се реализира во момент кога се заокружуваат напорите за евроатлантските интеграции на Република Македонија. Претседателот Џафери ја констатираше одличната и континуирана соработка меѓу Собранието на Република Македонија и Европскиот парламент, силен поддржувач на евроинтеграциските процеси на земјата.
Прочитај повеќе

Собранието ќе формира координативно тело за спроведување на...

Среда, 22 август 2018 година

Собранието ќе формира координативно тело за спроведување на референдумот

На денешната редовна координација во Собранието на Република Македонија, на која присуствуваа претседателот на Собранието Талат Џафери, потпретседателите на Собранието и координаторите на пратеничките групи, донесен е заклучок за формирање на Координативно тело за спроведување на Референдумот на државно ниво и водење на јавна пропаганда. 

Прочитај повеќе

Средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со прет...

Вторник, 31 јули 2018 година

Средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со  претставници на медиумите

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, на редовната месечна средба со акредитираните новинари, најави дека пратениците до 20 август се слободни, по што до 10 септември, кога почнува предреферендумската кампања, треба да се завршат сите обврски кои стојат пред законодавниот дом. 

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со новоименуваната амбасадор...

Понеделник, 30 јули 2018 година

Средба на претседателот Џафери со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија

Денеска, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, ја прими во својот кабинет г-ѓа Рејчел Галовеј, новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија.

Прочитај повеќе
1...222324...40                                         
Click