Четврток, 28 септември 2017 година
Обраќање на претседателот Џафери на Дебатата за „Политичкото учество на лицата со попреченост“
На шести септември, овде, во Собранието на Република Македонија, беше формирана Интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со попреченост. Тоа е група која не е класично парламентарно тело, како што се на пример комисиите, туку пред сè, е парламентарна лоби група која и по името јасно индицира дека ја надминува партиската припадност на членовите, но и онаа класична политичка поделеност која ја има во секој парламент, а тоа е парламентарно мнозинство, односно власт и опозиција. И, тоа што мене како претседател на Собранието ме радува, е фактот што моите колеги пратеници, членови на оваа Интерпартиска лоби група, заедно со нашите пријатели од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и невладината организација Полио Плус, за дваесетина дена ја организираат оваа дебата.