Среда, 21 јуни 2017 година
Обраќање на претседателот Џафери на Тркалезната маса на тема: „Собранието и граѓанските организации“
Ми претставува особено задоволство што денес присуствувам на на тркалезната маса на тема: „Собранието и граѓанските организации“.
Како прв меѓу еднаквите, ветив дека ќе се заложам за поголема транспарентност на Собранието и присуство на граѓаните во активностите на Собранието на Република Македонија. Заедно со пратениците, ќе се залагаме за инклузивен, отворен и одговорен законодавен дом, бидејќи парламентарните информации им припаѓаат на сите граѓани.