Соопштенија

Понеделник, 22 април 2019 годин

Делегација од Комисијата за транспорт, врски и екологија во Приштина

Во организација на Центарот за истражување и креирање политики, на 24 април 2019 година, во Приштина, ќе се одржи тренинг во рамките на Проектот: „Развој на вештините на пратениците во Југоисточна Европа за теми поврзани со одржливата урбана мобилност“.

На тренингот ќе учествува делегација од Собранието на Република Северна Македонија од Комисијата за транспорт, врски и екологија: Лилјана Затуроска, претседателка на Kомисијата и Слаѓана Митовска, член.

Тренингот се очекува да биде отворен од Леонора Криезиу, извршна директорка на Приштинскиот институт за политички студии (PIPS); Самир Мемедов, GIZ Отворен регионален фонд за енергетска ефикасност и Мимоза Кусари Лила, пратеничка од косовскиот парламент.

На претстојниот тренинг се очекува презентација од д-р Аљаж Плевник, GIZ експерт.

Click