Соопштенија

Среда, 5 декември 2018 година

Груби во САД на средби во Конгресот и Стејт Департментот

Претседателот на Комисијата за европски прашања и на Групата за пријателство со САД, Артан Груби ќе престојува во Соединетите Американски Држави од 5 до 9 декември 2018 година, каде што ќе реализира работни средби со конгресмени и сенатори во Американскиот Конгрес, но и во Сенатот и Стејт Департментот.

На средбите ќе стане збор за евроатланските интеграции на земјата, можностите за унапредување на билатералните односи со САД, како и за актуелните реформи што Владата ги прави во областа на владењето на правото.

Господинот Груби ќе присуствува на 12. Парламентарен безбедносен форум за разузнавање во Сенатот на кој ќе се расправа за сите видови на борба против тероризмот.

Ова е втора посета на Груби во САД.

 

Click