Соопштенија

Среда, 5 февруари 2020 година

Јавна расправа на Комисијата за одбрана и безбедност

Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Северна Македонија на 57. Седница, на 6 февруари 2020 година (четврток), со почеток од 11:00-14:30 часот, во сала „Борис Трајковски“, ќе одржи Јавна расправа по Предлог на закон за Агенцијата за разузнавање.

Комисијата за одбрана и безбедност, покани претставници од различни организации, институции, експерти од областа на одбраната и безбедноста, да учествуваат на расправата и да дадат свои мислења и ставови во врска со темата на јавната расправа.

Click