Соопштенија

Петок, 1 февруари 2019 година

Јавна расправа на тема: Годишен извештај за спроведување на Стратегијата за родова еднаквост за 2017 година

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија на 9. седница на 4 февруари 2019 година, во 12:00 часот, во Сала на Уставна комисија, ќе одржи Јавна расправа на тема: Годишен извештај за спроведување на Стратегијата за родова еднаквост за 2017 година.

Покрај членовите и заменик-членовите на Комисијата, на Јавната расправа поканети се сите пратеници на Собранието на Република Македонија, министeрката за труд и социјална политика, координаторките за еднакви можности на Министерствата на Република Македонија, Комисијата за заштита од дискриминација, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни и медиумски услуги, градоначалниците, локалните комисии за еднакви можности, претставници на меѓународните организации, експерти, Институтот за родови студии, Un Women, НДИ, ИРИ, претставници на НВО секторот од оваа област, како и претставник на Европската комисија.  

ПРОГРАМА:

12:00 - 12:15 часот - Поздравни обраќања

  • Даниела Рангелова, претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите
  • Претставник на Министерството за труд и социјална политика на РМ
  • Претставник на Канцеларијата на Un Women во Скопје

12:15 - 13:00 часот - Излагања 

  • Координатор за еднакви можности на Министерството за здравство на Република Македонија
  • Координатор за еднакви можности на Министерството за економија на Република Македонија
  • Координатор за еднакви можности на Министерството за образование и наука на Република Македонија 
  • Координатор за еднакви можности на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија

13:00 - 13:30 часот -  Дискусија и заклучоци  


* Пријава на присуство на kem@sobranie.mk

Click