Соопштенија

Понеделник, 18  март 2019 година

Jавна расправа на тема: „Предлог-закон за социјална заштита“

Комисијата за труд и социјална политика на својата 41. седница ќе одржи јавна расправа на тема „Предлог-закон за социјална заштита“.

Јавната расправа ќе се одржи на 20 март 2019 година (среда), со почеток од 12:00 часот, во Сала „Борис Трајковски“, во Собранието на Република Северна Македонија.

Комисијата за труд и социјална политика покрај членовите и замениците на членовите на Комисијата ги покани да учествуваат на расправата сите пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, претседателот на Собранието, генералниот секретар на Собранието, министерот за труд и социјална политика, државен советник за социјална заштита во Влада на Република Северна Македонија, заменик-народниот правобранител, Национално координативно тело за имплементација на конвенцијата за лицата со посебни способности, Меѓуопштински центри за социјална работа, дневни центри, Завод за социјални дејности, невладини организации и здруженија на лица со посебни способности, Комисијата за антидискриминација, Платформа за сиромаштија, Хелсиншки комитет, Сорос, Канцеланија на Обединети Нации, УНДП, ОБСЕ, УНИЦЕФ, НДИ, Канцеларија на Европска Унија, Вестминстер фондација.

Click