Соопштенија

Среда, 22 јануари 2020

Јавна расправа на тема: Проблемите на повратниците од земјите на Европската Унија согласно реадмисионите договори

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободата и правата на граѓанинот, на 24 јануари 2020 година (петок), во 11:00 часот, во Сала „Борис Трајковски“ ќе одржи Јавна расправа на тема: Проблемите на повратниците од земјите на Европската Унија согласно реадмисионите договори.

ПРОГРАМА

11:00 - 11:20 - Поздравни обраќања

  • Фадил Зендели, претседател на Постојаната  анкетна комисија за заштита  на слободите и правата на граѓанинот;
  • Музафер Бајрам, министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите;

11:20 - 12:00 - Излагања

  • Претставник на Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија;
  • Малинка Ристевска-Јорданова, претставник на Институтот за европска политика;
  • Снежана Трајановска - началничка на Единицата за странци и реадмисија при Одделот за гранични работи и миграции, Претставник на Министерство за внатрешни работи
  • Дејан Ивковски - раководител на одделение за миграција, интеграција на бегалци и странци и хуманитарна помош, Претставник на Министерство за труд и социјална политика

12.00 - 12.30  Дискусија и заклучоци

Пријава на присуство на: pak@sobranie.mk.