Соопштенија

Вторник, 29 октомври 2019 година, 11:00 часот, Сала „Борис Трајковски“

Јавна расправа за имплементација на Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе одржи Јавна расправа за имплементација на Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство.

Покрај членовите и заменик-членовите на Комисијата, на јавната расправа поканети се сите пратеници на Собранието, претставници на Министeрството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи и на Министерството за здравство, координаторите за еднакви можности на министерствата, локалните комисии за еднакви можности, градоначалниците, претставници на Народниот правобранител, Комисијата за заштита од дискриминација, Институтот за родови студии, ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје, ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје, Заедницата на единиците на локалната самоуправа на РСМ - ЗЕЛС, претставници на правосудниот систем, потоа претставници на меѓународните организации, УНДП, Телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените (Un Women), ОБСЕ, НДИ, ИРИ, претставници на НВО секторот од оваа област, експерти, претставници на дипломатските преставништва во земјава како и претставници на Делегација на ЕУ и на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје.

ПРОГРАМА:

  • 11:00 - 11:20 - Поздравни обраќања

- Даниела Рангелова, претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите
- Претставник на Министерството за труд и социјална политика на Република Северна Македонија
- Претставник на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија
- Росана Дуџак, резидентен координатор на ОН во Република Северна Македонија

  • 11:20 – 12:20 - Излагања 

- Претставник на Секторот за социјална заштита на Министерството за труд и социјална политика на Република Северна Македонија
- Претставник на ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје
- Претставник на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје
- Претставник на канцеларијата на Телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Women)
- Претстaвник на Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство

  • 12:20 – 13:30 -  Дискусија и заклучоци 
Click