Соопштенија

Четврток, 21 март 2019 година

Координативна средба на Комисијата за транспорт, врски и екологија со претставници од Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН

На 26 март 2019 година, во 11 часот, во Сала 6 на Собранието на Република Северна Македонија, ќе се одржи координативна средба на Комисијата за транспорт, врски и екологија со проектниот тим од Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН: Кирил Ристовски (претседател), Билјана Матевска (проектен раководител) и Ангела Димеска (преоектен службеник).

На средбата е предвидено да се дискутира на следните теми: Пренесување на заклучоците од првата средба на Националното координативно тело во рамките на проектот „Еднаков пристап за ефективна правда“, составено од релевантни чинители од државните институции, граѓанските организации и академијата; Поддршка во идните проектни активности; Можност за влијание на Законот за бесплатна правна помош за вклучување на областа на животна средина како и овозможување на групни претставки од оваа област; Предизвиците со едукација на вештаци, нивна соработка за еднаков пристап до правда во областа на животна средина.

Со спроведување на активностите од проектот „Еднаков пристап за ефективна правда“, интенција е да се влијае врз зголемувањето на капацитетите на релевантните институции, подигнување на јавната свест за правото на еколошката правда и унапредување на постоечките механизми на правни лекови.

 

Click