Соопштенија

Петок, 22 јуни 2018 година

НАДЗОРНА РАСПРАВА НА КОМИСИЈАТА ЗА КУЛТУРА

Комисијата за култура на второто продолжение на 14-та седница, ќе продолжи со надзорната расправа на тема „Закон за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион и сродната регулатива во контекст на Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на природното и културно наследство“.

Второто продолжение на надзорната расправа ќе се одржи на 28 јуни (четврток) 2018 година, со почеток од 11.00 часот, во Сала „Борис Трајковски“, во зградата на Собранието на Република Македонија, бул. „11 Октомври“ 10 Скопје.

Комисијата за култура ќе продолжи со ислушување на исказите на останатите учесници (сведоци) од различни државни органи, институции, јавни претпријатија, научни институции и граѓански организации да учествуваат на расправата и да дадат искази и одговори пред членовите на Комисијата.

Вашиот медиум е поканет да присуствува на расправата и да го покрие настанот.

Click