Соопштенија

Вторник, 1 август 2017 година

Положување цвеќе

По повод 2 Август - Денот на Републиката, делегации на Собранието на Република Македонија ќе положат венци свежо цвеќе, и тоа: 

- Собраниска делегација во состав: г. Павле Богоевски, г-ѓа Татјана Прентовиќ, г. Артан Груби и Илија Николовски ќе положи венец свежо цвеќе во Скопје:

  • 8.00 часот - Положување на венец свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев - Црква „Свети Спас“

- Собраниска делегација - г-ѓа Татјана Прентовиќ ќе положи венец свежо цвеќе во Скопје:

  • 10.00 часот - Положување на венец свежо цвеќе пред споменикот на АСНОМ во парк „Жена борец“;
  • 10.10 часот - Положување на венец свежо цвеќе пред споменикот на Никола Карев пред Собранието на Република Македонија;
  • 10.25 часот - Положување на венец свежо цвеќе пред споменикот на Методија Андонов-Ченто, прв претседател на президиумот на АСНОМ, на плоштад „Македонија“.

- Собраниска делегација во состав: г. Мирослав Јовановиќ, Африм Гаши и Зекирија Ибрахими ќе положи венец свежо цвеќе во 11.00 часот во Меморијалниот центар АСНОМ - Пелинце.

- Собраниска делегација предводена од г. Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Македонија, во состав: г. Хари Локвенец, г-ѓа Кети Смилевска и Јулијана Николова ќе положи венец свежо цвеќе во Крушево:

  • 9.30 часот - гробот на Никола Карев; 
  • 10.00 часот - споменикот на Слива „На хероите на Слива“;
  • 12.00 часот - „Мечкин Камен“.
Click