Соопштенија

Понеделник, 30 јули 2018 година

Положување цвеќе по повод 2 Август - Денот на Републиката

По повод 2 Август - Денот на Републиката, делегации на Собранието на Република Македонија, на 2 август 2018 година (четврток), ќе положат венци свежо цвеќе, и тоа:

- Собраниска делегација, предводена од Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Македонија, во состав: Фросина Ташевска-Ременски, Татјана Прентовиќ и Мирсада Емини-Асани, ќе положи венец свежо цвеќе во Скопје:

  • 9:50 часот - Споменик на АСНОМ, парк „Жена борец“;
  • 10:00 часот - Споменик на Никола Карев, пред Собранието на Република Македонија;
  • 10:20 часот - Споменик на Методија Андонов-Ченто, плоштад „Македонија“.

- Собраниска делегација, предводена од Горан Мисовски, потпретседател на Собранието на Република Македонија, во состав: Лидија Тасевска и Мирослав Јовановиќ, ќе положи венец свежо цвеќе во Пелинце:

  • 11:00 часот - Меморијален центар АСНОМ  

- Собраниска делегација, предводена од Весел Мемеди, потпретседател на Собранието на Република Македонија, во состав: Кети Смилеска, ќе положи венец свежо цвеќе во Крушево:

  • 9:30 часот - гроб на Никола Карев; 
  • 10:00 часот - споменик на Слива „На хероите на Слива“;
  • 12:00 часот - „Мечкин Камен“

 

Click