Соопштенија

Вторник, 10 октомври 2017 година

Положување свежо цвеќе по повод државниот празник 11 Октомври 

По повод државниот празник 11 Октомври - Денот на народното востание, пратеници од Собранието на Република Македонија, на 11.10.2017 година (среда), ќе положат свежо цвеќе во Прилеп, Скопје и Куманово, и тоа:

- Пратениците Кети Смилеска, Хари Локвенец и Димитар Стевананџија, во 9.30 часот, во Прилеп, ќе положат свежо цвеќе на:

  • Споменикот на Методија Андонов-Ченто;
  • Споменикот на Кузман Јосифовски-Питу;
  • Могилата на непобедените и Алејата на народни херои.

- Пратениците Јулиана Николова, Диме Велковски и Жаклина Пешевска, во 10.50 часот, во Скопје, ќе положат свежо цвеќе на:

  • Споменикот „Ослободители на Скопје“ до Владата на Република Македонија.

- Пратениците Мирослав Јовановиќ и Слаѓана Митовска, во 11.30 часот, ќе положи свежо цвеќе на:

  •  Спомен-костурницата во Куманово.
Click