Соопштенија

Петок, 4 септември 2020 година

ПОЛОЖУВАЊЕ ВЕНЦИ СВЕЖО ЦВЕЌЕ

По повод одбележувањето на 29 години од независноста на Република Северна Македонија, собраниска делегација, составена од пратеничките Снежана Калеска-Ванчева и Велика Стојкова-Серафимовска, на 8 септември 2020 година, во 8:00 часот, ќе положи венци свежо цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски на гробиштата Бутел. 

Делегацијата исто така ќе присуствува и на одбележувањето на 8. Септември –Денот на независноста на Република Северна Македонија, на платото пред Влада, со почеток во 9:55 часот.