Соопштенија

Среда, 14 август 2019 година

ПОЛОЖУВАЊЕ ВЕНЦИ СВЕЖО ЦВЕЌЕ 

По повод одбележување на Денот на Армијата на Република Северна Македонија, 18 Август, делегација на Собранието на Република Северна Македонија во состав: Илија Николовски, Татјана Прентовиќ, Весна Дамчевска-Илиевска и Магдалена Манаскова, на 16 август 2019 година (петок), во 12:00 часот, на градските гробишта Бутел, ќе положат четири венци свежо цвеќе и тоа на:

  • Партизанските гробишта;
  • Пред вечниот дом на загинатиот претседател Борис Трајковски;
  • Пред вечниот дом на генерал Михаило Апостолски;
  • Пред вечниот дом на починатиот претседател Киро Глигоров.
Click