Соопштенија

Понеделник, 17 јуни 2019 година

Пратеничката Митовска на студиска посета во Љубљана

Делегација од Собранието на Република Северна Македонија ќе присуствува на студиска посета во Љубљана, Република Словенија од 18 до 20 јуни 2019 година. Делегацијата ја претставува членот на Комисијата за транспорт, врски и екологија, г-ѓа Слаѓана Митовска. 

Студиската посета е во врска со Проектот за поддршка на Јавниот медиумски сервис во Западен Балкан, а во соработка со Словенскиот јавен радиодифузер (RTVSLO).

На отварањето се очекува воведно обрајќање да имаат г. Сузана Видас-Кароли, раководител за меѓународни односи, РТВ Словенија и г. Воислав Раоник, тим лидер на проектот. 

Како и презентации од страна на г. Игор Кадунц, генерален директор на РТВ Словенија, г-ѓа Наталија Горшчак, директор на Телевизијата, г. Марко Штулар, директор на радио, г. Кирил Башкович, претседател на програмскиот совет г. Андреј Грах, претседател на надзорниот одбор, г-ѓа Илинка Тодоровски, народен правобранител, г. Петар Безјак претседател на советот на работници, г-ѓа Тања Кершеван Смоквина, државен секретар во Министерството за култура, г-ѓа Виолета Томиќ, претседател на комитетот за култура, г-ѓа Тања Муха, директор на Агенцијата за комуникациски мрежи и услуги.

На вториот ден од студиската посета ќе се одржи состанок на Управниот комитет на проектот „Техничка помош на Јавниот медиумски сервис во Западен Балкан” со г. Оливер Моне- Кирле, директор на проектот. Поздравен и воведен говор ќе имаат: г. Лизелоте Исаксон, раководител на Сектор - граѓанско општество и единица за социјално вклучување, г. Џереми Деар, Меѓународната федерација на новинари, заменик генерален секретар и г-ѓа Ванеса О Конор, директор на ЕБУ за односи со странство.

Се очекува: Презентација на проектните активности спроведени во периодот од јули 2018 до јули 2019 година и планирани активности за периодот од јули 2019 до јули 2020, Презентација за предизвиците и достигнувањата од страна на г. Воислав Раониќ, лидер на тимот, г. Жељка Лекиќ-Субашиќ, заменик-раководител на тимот, партнери на Конзорциумот задолжени за спроведување на проектните активности, како и учесниците во проектот.

Исто така, ќе има и Еволуација на заинтересираните страни за спроведените активности и повратни информации за планираните проектни активности.

На крајот од студиската посета ќе бидат разменети идеи за содржината на можни идни фази од Проектот како и завршни дискусии и заклучоци од Управниот комитет на Проектот.

Студиското патување е од големо значење бидејќи ќе се разменат искуства и практични примери во врска со јавните медиумски сервиси во Западен Балкан.



Click