Соопштенија

Понеделник, 24 јуни 2019 година

Пратеникот Никола Попоски на Летната сесија на ПССЕ

Од 24 до 28 јуни 2019 година во Стразбур се одржува редовната летна сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа на која во својство на член на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија, учествува пратеникот Никола Попоски. 

Во текот на сесијата пратениците ќе го изберат и новиот генерален секретар на Организацијата, меѓу двајцата кандидати, и тоа актуелната министерка за надворешни и европски работи на Хрватска и вицепремиер на Хрватската влада, Марија Пејчиновиќ-Буриќ и актуелниот министер за надворешни работи на Белгија, Дидије Рејндерс, а ќе се одбележи и 70-годишнината од основањето на Советот на Европа.

Централно место на сесијата се очекува да има дебатата за процесот на донесување одлуки во Парламентарното собрание.

Обраќање пред пратениците на сесијата ќе има Марсело Ребело де Соса, претседател на Португалија, а според точките на дневниот ред, ќе се дебатира за атентатот на Дафне Каруана Галиција и владеењето на правото во Малта, ставањето крај на насилството врз жените и постигнување на родова еднаквост, ставање крај на насилството врз децата.

Собранието, исто така, ќе расправа и за ситуацијата во Сирија, постмониторинг дијалогот со Бугарија, како и за буџетот на Советот на Европа и на Парламентарното собрание. 

Click