Соопштенија

Вторник, 5 март 2019 година

Собраниска делегација на Интерпарламентарна конференција во Романија

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија, во состав: Хари Локвенец, претседател на Комисијата за одбрана и безбедност; Ејуп Аљими координатор на Пратеничката група на Демократската унија за интеграција; Емилија Александрова, член на Комисијата за одбрана и безбедност и надворешна политика; и Ане Лашкоска, член на Комисијата за надворешна политика, ќе учествуваат на Интерпарламентарна конференција организирана од страна на Комисијата на заедничка надворешна и безбедносна политика и Комисијата на заедничката безбедносна политика на државите членки на Европската Унија, што ќе се одржи од 6 до 9 март 2019 година во Букурешт, Република Романија.

На Интерпарламентарната конференција ќе се отвори дебата за имплементацијата на приоритетите на Романското претседателство со Советот на Европската Унија (јануари - јуни 2019 година), за што свое обраќање ќе има Федерика Могерини, висока претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, како и голем број министри од Република Романија и претставници од Европскиот парламент, Европската комисија и земјите членки на Европската Унија. 

Исто така, на Интерпарламентарната конференција, според агендата, предвидена е и расправа за значајни и актуелни прашања како: приоритети и стратегија за иднината на европската безбедност, Источно партнерство десет години - европска аспирација, стратешка важност на Црното Море во Европската Унија, Европа во глобален контекст, начини за зајакнување на одбраната во Европската Унија, Брегзит, идни перспективи на Европската Унија за земјите од Западен Балкан во процесот на проширување, и други актуелни теми.

Click