Соопштенија

Понеделник, 1 април 2019 година

Собраниска делегација на Интерпарламентарна конференција за „Иднината на ЕУ“

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија, во состав: Бети Рабаџиевска-Наумовска и Сашо Василевски, ќе учествува на Интерпарламентарната конференција на тема „Иднината на  ЕУ“, што ќе се одржи на 1-2 април 2019 година во Букурешт, Република  Романија, во рамките на романското шестмесечно претседавање со Унијата.

На Конференцијата ќе стане збор за социјалната, политичката и економската димензија на ЕУ, од аспект на нејзината натамошна иднина, по изборите во европските инститиции.

Исто така, предвидена е и расправа за евроатлантските аспирации, Балканот и Источното партнерство.

Click