Соопштенија

Среда, 13 јуни 2018 година

Собраниска делегација на Интерпарламентарна конференција во Прага

Делегација од Собрание на Република Македонија на 15 јуни 2018 година ќе учествува на Интерпарламентарна конференција во главниот град на Чешка Република, Прага. 

Темата на конференцијата е под наслов "Почитување на слободата на изразувањето вклучувајќи ја и слободата на медиумите, во ЕУ и пошироко". 

Настанот е во организација на Европскиот парламенет во соработка со Претставничкиот дом на Чешка Република.

Делегацијата од Собрание на Република Македонија е составена од пратениците: г-ѓа Лилјана Затуроска како претседател на  Комисијата за транспорт, врски и екологија, г. Благојче Трпевски, г. Реџаиљ Исмаили и г. Благоја Деспотоски, како членови на Комисијата.