Соопштенија

Четврток, 7 декември 2017 година

Собраниска делегација на парламентарен форум во Цетиње

Делегација на Собранието на Република Македонија составена од пратенците: Јагода Шахпаска и Реџаил Исмаили од 7  до 8 декември 2017 година ќе учествува на 19. Цетински парламентарен форум на тема: „Парламент и масовни комуникации", во Цетиње, Република Црна Гора.

На претстојниот парламентарен форум се очекува учество на претставници од Парламентите од регионот, истакнати експерти од областа на комуникациите, претставници од невладини организации, студенти и претставници на медиуми, со цел да ги споделат регионалните искуства и видувања за идните предизвици во овој домен.

Исто така, на Конференцијата предвидено е да има расправа и за евроинтегративните перспективи на земјите од Западен Балкан.

Click