Соопштенија

Понеделник, 4 март 2019 година

Собраниска делегација на состаноци на Политичкиот комитет и Комитетот за цивилна димензија на безбедноста

На покана од ПС на НАТО, на состаноците на Политичкиот комитет и Комитетот за цивилна димензија на безбедноста, кои ќе се одржат од 4 до 6 март 2019 г. во Атина, Република Грција, ќе учествува Илија Димовски, шеф на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во ПС на НАТО и Катерина Кузмановска, член на Делегацијата. 

Темите на состаноците ќе се фокусираат на грчките надворешни и безбедносни приоритети, актуелната и идната улога на НАТО перпективи од Атина, граничната безбедност, миграциите и бегалците, улогата на Русија на Балканот и грчките перспективи за предизвиците во јужното крило на НАТО. 

На состаноците ќе учествува и Медлин Мун, претседателка на ПС на НАТО, а се предвидува и посета на два бегалски кампа близу Атина. Предвидена е и посебна сесија со генералниот директор на ELIAMEP (Грчка фондација за европска и надворешна политика), на која ќе се дискутира за: безбедноста во Источниот Медитеран, безбедноста и стабилноста на Балканот и Русија и регионалната безбедност. 

Click