Соопштенија

Вторник, 19 февруари 2019 година

Собраниска делегација на состанок посветен на енергетската ефикасност во Брисел

Делегација на Собранието на Република Македонија во состав: г. Агим Шаќири, заменик-претседател и г. Хари Локвенец, член на Комисијата за економски прашања денеска ќе учествува на состанок посветен на енергетската ефикасност во организација на Енергетската заедница и на Парламентарен форум за Југоисточна Европа за Енергетска ефикасност и клима во организација на Германското здружение за соработка кои се одржуваат во Брисел, Кралството Белгија. 

Покрај претставниците од Собранието на Република Македонија, на состаноците ќе учествуваат и претставници од парламентите на земјите членки на Енергетската заедница и повеќе експерти.

На состаноците ќе се разгледуваат повеќе прашања во насока на зголемување на енергетската ефикасност во договорните страни на Енергетската Заедница како и усвојување на заеднички Извештај за поттикнување на поголема употреба на енергија од обновливи извори.

Click