Соопштенија

Среда, 20 февруари 2019 година

Собраниска делегација на Зимската сесија на ПС ОБСЕ

Од 21 до 22 февруари 2019 година во Виена, Австрија, ќе се одржи Зимската сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ, на која ќе учествуваат пратениците: Владимир Ѓорчев, шеф на Делегацијата; Јагода Шахпаска и Реџаиљ Исмаили, членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

На агендата на ова заседание на трите генерални комитети на ПС на ОБСЕ, ќе се разгледуваат актуелните настани во ОБСЕ, следено со прашања и одговори и ќе биде дебатирано за Решавање на долготрајните конфликти: алатки и механизми на ОБСЕ (Прва Комисија), Добро владеење во областа на борбата против корупцијата, перењето пари и финансирањето на тероризмот во регионот  на ОБСЕ (Втора Комисија),  Обемот на легитимните ограничувања на човековите права во време на вонредна состојба (Трета Комисија) и за претстојната годишна сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ што ќе се одржи од 4 до 8 јули 2019 година во Луксембург.

Пратениците Шахпаска и Исмаили ќе учествуваат и на состанокот на „Групата за поддршка на Патот на свилата“ („Silk Road Support Group”) на ПС на ОБСЕ што ќе се одржи на 20 февруари 2019 година, во својство на членови на оваа група од Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во ПС на ОБСЕ.

На учесниците на оваа сесија со поздравни говори ќе им се обрати Волфганг Соботка, претседател на Националниот совет на Австрија; Георге Церетели, претседател на ПС на ОБСЕ; Мирослав Лајчак, претседавач на ОБСЕ и министер за надворешни работи на Словачка и Томас Гремингер, генерален секретар на ОБСЕ. 

Click