Соопштенија

Четврток, 6 фервруари 2020 година

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА БУКУРЕШТ

Делегација од Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Романија, предводена од Панчо Минов, претседател на Групата, а во чиј состав се и членовите Мерал Узеири-Ферати, Сашко Костов и Драган Данев, од 5 до 8 февруари 2020 година, се во официјална посета на Романија.

Во текот на престојот, нашата делегација, во романскиот парламент, ќе рализира неколку средби, меѓу кои и со Алина Горгиу, потпретседател на Сенатот, Комисијата за надворешна политика и со Групата за соработка Романија – Северна Македонија.

На средбите, меѓу другото, ќе се разговара за развојот на меѓупарламентарната соработка меѓу двете пријателски земји, процесот на ЕУ интеграциите, како и за можностите за економска и друг вид соработка.

Click