Соопштенија

Вторник, 8 октомври 2019 година

Собраниска делегација во работна посета на Националното собрание и Сенатот на Француската Република 

По покана од г. Бертран Сор, претседател на Групата за пријателство Франција-Северна Македонија на Националното собрание на Фарнцуската Република, Делегација на Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Француската Република ќе оствари возвратна работна посета на Националното собрание и Сенатот на Француската Република од 8 до 10 октомври 2019 година.

За време на посетата, Делегацијата ќе оствари средби со г-ѓа Летисија Сен Пол, потпретседател на Националното собрание, со Групата за пријателство Франција-Северна Македонија, со собранискиот етичар, со г-ѓа Сабин Тије, претседател на Комисијата за евроопски прашања, со г. Бертран Деле, претседател на парламентарниот ТВ канал, со г-ѓа Миреј Клапо, потпретседател на Комисијата за надворешни прашања на националното собрание, со г-ѓа марта де Сидрак, претседател на Интерпарламентарната група за пријателство Франција-Западен Балкан на Сенатот на Француската Република, со г. Критиан Камбо, претседател на Комисијата за надворешни прашања, одбрана и вооружени сили на Сенатот, со г. Ронан Венец, шеф на Бирото за билатерални односи со Балкан во Генералната дирекција за трезор  во Министерството за економија и финансии и со други личности од политичкиот живот во Француската Република. 

Овие средби ќе послужат за размена на искуства од парламентарното работење, проширување и збогатување на соработката како меѓу нашето Собрание и Францускиот Парламент, така и меѓу Република Северна Македонија и Француската Република.


Click