Соопштенија

Понеделник, 15 април 2019 година

Учество на Џеват Адеми на Конференција на претседатели на секции на Парламентарното собрание на Франкофонијата

На 15 и 16 април 2019 година во Атина, Грција, ќе се одржи Конференција на претседатели на секции на Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ), на која ќе учествува Џеват Адеми, претседател на Секцијата на Собранието на Република Северна Македонија во ПСФ.

На учесниците на оваа Конференција ќе им се обратат Жан-Пол Вал, шеф на Мисијата Европа на ПСФ; Никос Вуцис, претседател на Грчкиот парламент; Георгес Катругкалос, министер за европски прашања на Грција; Жак Крабал, парламентарен генерален секретар на ПСФ; Афродити Стампули, претседател на грчката секција во ПСФ и други личности и експерти. 

На оваа Конференција ќе се дебатира за промоција на Франкофонијата на институционално ниво, подготвувањето на XXXII Регионално собрание Европа на ПСФ и определување на централната тема, што ќе се одржи во Делемон, Швајцарија, во октомври 2019 година, следење на резолуциите на ПСФ, усвоени на Годишната сесија на ПСФ во Квебек, Канада во 2018 година, Извештаите на комисиите на ПСФ од Регионoт Европа и други прашања од делокругот на ова меѓународно парламентарно собрание.

Click