Положување цвеќе, 2.8.2017...

Вторник, 1 август 2017 година

Положување цвеќе

По повод 2 Август - Денот на Републиката, делегации на Собранието на Република Македонија ќе положат венци свежо цвеќе, и тоа:

- Собраниска делегација во состав: г. Павле Богоевски, г-ѓа Татјана Прентовиќ и г. Артан Груби ќе положи венец свежо цвеќе во Скопје:

  • 8.00 часот - Положување на венец свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев - Црква „Свети Спас“
Прочитај повеќе

Положување свежо цвеќе , 2017...

Вторник, 25 јули 2017 година

Положување свежо цвеќе 

Делегација на Собранието на Република Македонија, во состав: г-ѓа Соња Мираковска, г-ѓа Мирсада Емини Асани и г-ѓа Теута Биљали по повод 54-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, на 26 јули 2017 година, среда, во 10.00 часот, ќе положи венец свежо цвеќе на гробиштата „Бутел“.

Прочитај повеќе

Клубот на пратенички - достигнувања и приоритети...

Четврток, 20 јули 2017 година

Клубот на пратенички - достигнувања и приоритети

Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија ќе организира средба на тема: „Клуб на пратенички, достигнувања и приоритети“. 

Прочитај повеќе

Пратеничката Туфегџиќ на конференција во Трст...

Вторник, 11 јули 2017 година

Пратеничката Туфегџиќ на конференција во Трст

Во рамките на Програмата на Европскиот парламент за млади политички лидери,  непосредно пред одржувањето на Самитот за Западен Балкан, за првпат од оваа година на иницијатива од европратеници се организира Конференција со вклучување на парламентарната димензија и невладиниот сектор.

Прочитај повеќе

Полагање цвеќе во Сребреница ...

Понеделник, 10 јули 2017 година         

Полагање цвеќе во Сребреница

По повод 22-годишнината од геноцидот на Бошњаците во „безбедната област“ на ОН-Сребреница, на 11 јули, ќе се одржи комеморација и погреб на идентификуваните жртви од Поточари во 1995 година.

На одбележувањето ќе присуствува собраниска делегација предводена од пратеникот Зеќир Рамчиловиќ во состав: Реџаил Исмаиљ и Илија Николовски, која ќе оддаде почит и ќе положи свежо цвеќе на Меморијалниот камен.

Прочитај повеќе

Учество на пратеничката Хадри на Конференција во Талин...

Петок, 7 јули 2017 година

Учество на пратеничката Хадри на Конференција во Талин

Пратеничката Шпреса Хадри, од 9 до 11 јули 2017 година, ќе учествува на  Конференцијата на претседателите на комисиите за европски прашања на државите членки на ЕУ - КОСАК, која се одржува во рамките на естонското претседавање со ЕУ, во Талин.

Прочитај повеќе

Прва посета на претседателот Џафери на Црна Гора...

Недела, 2 јули 2017 година

Прва посета на претседателот Џафери на Црна Гора

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, на покана  на претседателот на Собранието на Црна Гора, г. Иван Брајовиќ, на 3 јули 2017 година, ќе оствари прва официјална посета на Црна Гора.

Прочитај повеќе

Јавно предавање на потпишаните картички од граѓаните...

Вторник, 20 јуни 2017 година

Јавно предавање на потпишаните картички од граѓаните

По повод кампањата на Еколошкото здружение на граѓани Фронт 21/24 за зачувување на единственото УНЕСКО подрачје во Македонија - Охридски регион, на 21 јуни 2017 година (среда), во 14.30 часот, во Холот на главниот влез на Собранието на Република Македонија, ќе се организира јавен настан во соработка со пратениците - Јавно предавање на потпишаните картички од граѓаните. 

Прочитај повеќе

Учество на претседателот Џафери на Осмиот парламентарен без...

Понеделник, 19 јуни 2017 година

Учество на претседателот Џафери на Осмиот парламентарен безбедносен форум во Рига

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, на покана на американскиот конгресмен, г. Роберт Питинџер и Парламентот на Република Латвија, денеска ќе учествува на Осмиот парламентарен безбедносен форум во Рига, Република Латвија.

Прочитај повеќе

Собраниска делегација во Брисел на Интерпарламентарна конфе...

Понеделник, 19 јуни 2017 година

Собраниска делегација во Брисел на Интерпарламентарна конференција

Во рамките на Програмата за поддршка на парламентите од земјите на Западен Балкан и Турција, во организација на Европскиот парламент, на 19 и 20 јуни 2017 година во Брисел, Кралството Белгија, ќе се одржи Интерпарламентарна конференција на тема: „ЕУ законодавен процес - од законодавна иницијатива до имплементација и мониторинг". 

Прочитај повеќе
1...192021                      
Click