Активности

Понеделник, 13 јануари 2020 година

Педесет и четврта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија  

Комисијата за транспорт, врски и екологија  на Собранието, на денешната 54. седница, како матично работно тело, ги разгледа:

  • Предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори (прво читање);
  • Предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на природата (прво читање);
  • Предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за заштита од бучава во животната средина (прво читање);
  • Предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за управување со пакување и отпад од пакување (прво читање);
  • Предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за водите (прво читање);
  • Предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за генетски модифицирани организми (прво читање);
  • Предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за контрола на емисии од испарливи органски соединенија при користење на бензини(прво читање);
  • Предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за железничкиот систем (прво читање);
  • Предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за интероперабилност во железничкиот систем (прво читање);
  • Предлог - закон за изменување на Законот за жичари и ски-лифтови (прво читање);

На седницата на Комисијата во својство на претставници на Владата на Република Северна Македонија присуствуваа: Јани Макрадули, заменик на министерот за животна средина и просторно планирање и Горан Сугаревски, министер за транспорт и врски.

Претставникот на Владата, Макрадули даде образложение по првите седум точки од дневниот ред од неговиот ресор, додека министерот Сугаревски за останатите три точки. Тие ја нагласија потребата за донесување на законите, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законите.

Комисијата за транспорт, врски и екологија констатираше дека горенаведените Предлог-закони се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.