Промоција на потребата од зголемена употреба на обновливите...

Четврток, 21 февруари 2019 година

Промоција на потребата од зголемена употреба на обновливите извори на енергија

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија, во состав: Агим Шаќири, заменик-претседател и Хари Локвенец, член на Комисијата за економски прашања, учествуваше на состанок посветен на енергетската ефикасност, во организација на Енергетската заедница и на Парламентарен форум за Југоисточна Европа за енергетска ефикасност и клима, во организација на германското здружение за соработка, кои се одржаа во Брисел, Кралството Белгија.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на Тркалезната маса: Зајак...

Четврток, 21 февруари 2019 година 

Обраќање на претседателот Џафери на Тркалезната маса: Зајакнување на проценката и мониторингот на капацитетите – Претставување на мониторинг алатката

Мило ми е што по потпишувањето на Меморандумот за соработка со Центарот за европски безбедносни студии, што во суштина претставува континуитет на соработката на Собранието со Центарот за европски безбедносни студии на Холандија, се одржаа серија работилници во кои беа опфатени претставници на собраниската администрација и пратеници, со една однапред утврдена цел, а тоа е развој на парламентаризмот кај нас, преку јакнењето на законодавната и надзорната функција на Собранието.
Прочитај повеќе

Џафери по средбите со Борисов и Захариева: Бугарија дава ог...

Среда, 20 февруари 2019 година

Џафери по средбите со Борисов и Захариева: Бугарија дава огромна поддршка за евроатлантските аспирации за Република Северна Македонија

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, оствари средба со премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов.

Прочитај повеќе

Џафери-Карајанчева: Ратификација на Протоколот е значаен чи...

Среда, 20 февруари 2019 година

Џафери-Карајанчева: Ратификација на Протоколот е значаен чин  за граѓаните на двете држави

Денеска, Собранието на Република Бугарија, едногласно со 139 гласа „за“, го ратификуваше Протоколот на Северноатлантскиот сојуз за членство на Република Северна Македонија.

По ратификацијата, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери и неговата колешка Цвета Карајанчева, одржаа прес-конференција на која го искажаа задоволството од свечениот чин на ратификација, кој е значаен  за граѓаните на двете држави.

Прочитај повеќе

Работна средба на Клубот на пратенички 20.2.19...

Среда, 20 февруари 2019 година

Работна средба на Клубот на пратенички

Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија вчера одржа работна средба со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска. Во придружба на министерката беше тим составен од советници во Кабинетот на министерката Царовска, како и од Секторот за социјална заштита.Целта на работната средба беше министерката со својот тим да ги информира пратеничките преку Клубот за новите закони од социјалната сфера:
Прочитај повеќе

Собраниска делегација на заеднички состаноци на Комитетите ...

Вторник, 19 февруари 2019 година, Брисел

Собраниска делегација на заеднички состаноци на Комитетите на ПС НАТО со Северноатлантскиот совет

На покана од ПС на НАТО, на заедничките состаноци на Комитетите на ПС на НАТО со Северноатлантскиот совет (NAC), кои се одржуват од 18 до 20 февруари 2019 г. во Брисел, Кралството Белгија, учествуваат пратениците Илија Димовски, шеф на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во ПС на НАТО и Весел Мемеди, потпретседател на Собранието на Република Северна Македонија и член на Делегацијата. 

Прочитај повеќе

Учество на Собраниска делегација на Интерпарламентарна конф...

Вторник, 19 февруари 2019 година

Учество на Собраниска делегација на Интерпарламентарна конференција во Брисел

Конференцијата се одржува во Европскиот парламент во Брисел, Кралство Белгија од 17 до 20 февруари 2019 година.  На Конференцијата се дискутираше за Повеќегодишната финансиска рамка 2021-2027, која го претставува Буџетот на Европската Унија за следните седум години. Буџетот на ЕУ се планира и реализира така што секогаш постои баланс, односно никогаш нема ниту суфицит, ниту дефицит, практика што е честа во националните економии. Оттука, јавните финансии на ЕУ и управувањето со истите се одликува со многу голема избалансираност, транспарентност и предвидливост. 
Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со г. Крис Соха...

Понеделник, 18 февруари 2019 година

Средба на претседателот Џафери со г. Крис Соха, раководител на Службата на Комисијата за односи со странство на Сенатот на САД

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, се сретна со г. Крис Соха, раководител на Службата на Комисијата за односи со странство на Сенатот на САД. Потенцирајќи ги извонредните билатерални односи, стратешкото партнерство меѓу двете држави и успешната соработка, особено на полето на одбраната, претседателот Џафери даде краток осврт на актуелната состојба во државата, со акцент на реформскиот процес.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери пред пратениците во Собран...

Четврток, 14 февруари 2019 година

Обраќање на претседателот Џафери пред пратениците во Собранието на Република Албанија   

Имам чест денес да се обратам од мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и да го изразам моето лично задоволство и чувството на гордост што денес сум сведок на еден толку свечен чин за нас, за граѓаните на Република Северна Македонија и за сите што придонесоа за тоа каде сме денес, ни веруваа и ни дадоа поддршка. 
Прочитај повеќе

Јавна расправа со низа предлози за надградување и усовршува...

Среда, 13 февруари 2019 година

Јавна расправа со низа предлози за надградување и усовршување на системот за извршување санкции

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на својата 62. седница одржа Јавна расправа по Предлог-законот за извршување на санкциите.

Прочитај повеќе
1...454647...117                                                                                                                      
Click