Активности

Среда, 28 април 2021

Адеми - Клус: Парламентарната соработка на двата парламента е одлична

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието, Арбер Адеми, имаше средба со заменик-министерот за надворешни работи на Република Словачка, Мартин Клус, во придружба на  амбасадорот на  Словачка во нашата земја, Хенрик Маркуш.

Адеми изрази голема благодарност за силната и недвосмислена поддршка што Словачка ѝ ја дава на Северна  Македонија во континуитет во однос на нашите евроинтегративни процеси. Притоа, посебно се заблагодари на неодамнешната   инцијатива на министерот за надворешни работи на Словачка, Корчук, кој заедно со уште осум министри за надворешни работи на земји членки на ЕУ, писмено се обрати до високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Борел, повикувајќи го  во агендата на априлскиот Совет на министри да биде ставен Западен Балкан.

Toј посочи дека усвојувањето на Рамката за преговори и одржувањето на Првата меѓувладина конференција во јуни, за време на претседателството на Португалија, е наш клучен приоритет, поради што сме фокусирани за надминување на отворените прашањата со Бугарија.

Земјата останува посветена на ЕУ агендата, и во тој контекст, Парламентот и Комисијата за европски прашања, целосно се вклучени во реализацијата на европските реформи.

Двајцата соговорници се согласија дека парламентарната соработка на двата парламента е одлична. Нашиот собраниски Парламентарен институт беше формиран по примерот на Парламентарниот институт во Националниот совет на Словачка, при што имавме голема стручна поддршка на овој план.

Заменик-министерот Клус ја повтори поддршката на Словачка за пристапување на Северна Македонија и Албанија во ЕУ и отворање на преговарачките поглавја  што поскоро. Во тој контекст, посочи дека Словачка дава поддршка земјите од Западниот Балкан да бидат една од приритетните точки на агендата на претстојната Конфереција за иднината на Европа, што ќе се оддржи во мај годинава. Притоа, истакна дека процесот на отпочнување на преговорите на Северна Македонија и Албанија има димензија на стабилност и безбедност во регионот.

Click